АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Збратимената општина Стари Град од Белград, ќе поднесе иницијатива до градоначалничката Наташа Петровска да се обнови манифестацијата „Битолски ноќи“ во Скадарлија. Ова денеска го соопштија претставници на оваа општина, кои се гости по повод Денот на ослободувањето на Битола.
-Ние, од општина Стари Град во Белград, ќе поднесеме предлог до градоначалничката на Битола, да ги обновиме и повторно да ги орагнизраме Деновите на Битола во Белград, односно „Битолски ноќи“ во Скадарлија, со оглед што таа улица се наоѓа во нашата општина. Оваа година се навршуваат 10 години откако Битола и Стари Град воспоставија соработка, братски и пријателски односи. Се надевам дека ќе ја продлабочиме соработката во областа на културата, спортот, стопанството рече Андреја Миливојевиќ, член на општиснкото собрание во општина Стари Град, Белград
И делегација од збратимениот бугарски град Плевен е во посета на Битола по повод роденденот на градот.
-Сакам да го честитам празникот на сите битолчани, на градот Битола, кој е историски град. За нас е голема радост и голема чест да сме заедно на овој убав празник. Плевен со Битола се збратимени градови од 1999 година имаме добри партнерски односи. Сум бил во Битола повеќепати, имавме добра соработка и со претходните градоначалници, а се надевам дека ќе ги интенвизраме релациите и со новата градоначалничка Наташа Петровска. На сите граѓани на Битола им посакувам, љубов, мир, успех, да се дружиме и да работиме заедно, рече Георг Спартански, градоначалник на збратимениот град Плевен, Бугарија.