АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По свечената програма за доделување на наградите „4 Ноември“ на годинешните добитници во Народниот театар во Битола, приустните гости имаа можност да се дружат и да разговараат меѓу себе во театарското фоаје, само со чаша пијалак.
Годинава изостана традиционалниот коктел, немаше ордевери, односно не беше послужена храна, што беше изненадување за многумина од присутните
Општина Битола, одлучи средствата во висина од 30.000 деари да ги донира на Центарот за деца со аутизам.
Градоначалничката Наташа Петровска, деновиве рече дека годинешното чествување на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, ќе биде скромна прослава и најави изненадувањето, но рече граѓаните ќе дознаат на денот на прославата.
-Ќе имаме мало изненадување, нешто што не сме го имале во претходните години.Во еден дел ќе бидеме малку покскромни, а дел од средствата ќе ги насочиме онаму каде што цениме дека е најпотребно. Ќе има мали промени, рече Петровска завчера, одговарајќи на прашањето како општина Битола ќе го прослави Деното на ослободувањето на градот