АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со избор на членови на Управниот и и Надзорниот одбор на утрешната Седница на Советот на Општина Битола, почнува поцесот на формирање на новото јавно претпријатие кое ќе стопанисува со паркинзите во градот. На концесионерот „Стентон градба“ шестгодишниот договор му истекува следниот месец.
-Нашите планови се до крајот на месецот да заврши целокупната процедура за формирање на новото јавно претпријатие кое ќе се запише во Централен регистер, односно да се избере директор и да се донесе статут, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.
На новинарско прашање, Груевски посочи дека нема да биде механичко преземање на надлежноста од конецесионерот на јавното претпријатие.
-По мое мислење, паркирањето во Битола е прескапо и јас и порано предупрдував дека не се почитува одлуката на Советот донесена во претходниот мандат. .Ќе се обидеме во тој дел да коригираме некои работи, исто така потребно е да се отсранат дел од паркинзите кои го попречуваат сообраќајот. Се уште бараме начин како тоа да се реши, а кога ќе имаме конкретни цени и податоци, јавноста ќе биде известена. Сега е потребно да се формира јавното претпријатие, а потоа Управниот одбор и директорот да ни предложат цени кои повтроно ќе треба да се усвојат на Совет. Во секој случај размислувањата се движат во различен правец , се уште немаме дефинитвно решение за цените, но сметам дека, на пример, не може дневно паркирање кај Спортската сала да чини околу 400 денари, тоа е прескапо. Сметам дека треба да овозможиме поевтино паркирање надвор од централно градско подрачје, а паркирањето во центар дали ќе биде поскапо или ќе остане на овие цени, се уште не е решено. Но мора да овозможиме паркирање во некои делови од градот за помалку пари. Исто така, се работи сообраќаен план и за скоро време ќе излеземе и со решенија за улиците во централното градско подрачје. Претходната сообраќајна студија беше повеќе теоретска отколку практична, рече Груевски.
Груевски инфомираше дека Општина Битола веќе фомирала комисија која врши попис на опремата што ја постави концесионерот, односно, наплатни рампи, трафики и сл.
-Не сум убеден дека ќе останат во новото јавно претпријатие, затоа што наводно не се во негова сопственост и се изнајмени. Одржувањето на паркинзите и досега беше обврска на Општина Битола, тоа е една од нелогичностите на кои укажувавем, затоа што целокупниот приход одеше во касата на приватниот концесионер, а обврската за одржување на Општината. Тоа досега не функционираше. На пример паркингот кај Спортската сала е во очајна состојбата, минатата година во еден дел Општината интервенираше таму, но во секој случај таму ќе ги подобриме условите, рече Груевски.
Зонското паркирање во Битола започна да се спроведува од јуни 2013 година, кога тогашниот градоначалник Владимир Талески потпиша шестгодишен договор за јавно приватно партнерство со фирмата концесионер „Стентон Градба“, која имаше обврска годишно на општина Битола да и плаќа 28 илјади евра за 1951 паркинг место за зонско паркирање.