АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Влезовите, односно излезите од Битола, критичните сообраќајни точки и локации кои во изминатиот период се покажале како критични места за кражби да бидат покриени со видео надзор. За ова при денешната посета на Битола разговараа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Проектот „Безбеден град“ во наредниот период треба да го реалзира локалната самоуправа во соработка со битолската полиција.
-Еден од заклучоцоите од овој состанок како задача која си ја зададовме со градоначалничката и началникот на СВР Битола е да стапиме во подготовка на еден проект за озбезбедување на градот преку видео надзор. Тоа ни е задча која ќе ја реалзираме во наредниот период, очекувам дека сите ќе бидеме максимално ангажирани во овој правец, изјави министерот Спасовски.
Тој рече дека исто така, на средбите и со градоначалничката и во СВР Битола било разговарано за безбедноснта состојба во Битола
-Безбедносната состојба на територија на СВР Битола е исклучително поволна, резултатите се поволни, а СВР Битола во 2018 година ги има најдобрите резултатит во изминатите 5-6 години. Имаме постојано намалување на криминалитетот и зголемување во ефикасноста во работењето, а тоа се параметри што за мене имаат клучна цел и тоа треба да продолжи и во иднина. Јас очекувам дека сите активности што ги преземаме создаваат подобри услови за работа, а зголемените активности меѓу локалната заедница и СВР Битола ќе придонесе за поголема безбедност, рече Спасовски.
-Разговаравме за сите активности кои што значат синхронизарана активност на локланата самоуправа и на МВР, за тоа што сработил Советот за безбедност во сообраќајот при Општина Битола, разговаравме за Советот за превенција на детско престапништво, за тоа дека на денешната седница на Советот на Општин Битола е донесеа одлука за формирање на Локален совет за превенција со што ги дефиниравме и следните активности за обезбедување поглема безбедност на граѓаните што е една од главните задачи и на локалната самоуправа и на МВР. Дефинирани се низа чекори кои што треба да се градата во следниот период што значат продлабочување на соработката, рече Петровска
Министерот Спасовски беше во посета на реконструираниот објект на СВР Битола, активност што е спроведена во рамкте на проектот „Опремана полиција, безбедни граѓани“, за што од буџетото на МВР се издовени со 7 милиони денари