
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола денеска извести дека во Индустриската зона Жабени, битолско во прочистителна станица и препумпни станици во зоната од страна на непознат сторител настанало оштетување на потопна пумпа за нечиста вода која била поставена во препумпна станица со шахта непосредно пред објект при што предизвикал моторот на пумпата да се оштети.
„На 14.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека во Индустриската зона Жабени, битолско во прочистителна станица и препумпни станици во зоната од страна на непознат сторител настанало оштетување на потопна пумпа за нечиста вода која била поставена во препумпна станица со шахта непосредно пред објект при што предизвикал моторот на пумпата да се оштети. СВР Битола во врска со пријавата презема мерки и активности, при што се прибираат известувања од граѓани и по целосно документирање на настанот, целокупниот материјал ќе биде доставен до ОЈО Битола за понатамошно постапување, стои во известувањето на СВР Битола.
Во текот на вчерашниот дел до јавноста беше испратено известување за неовластено движење во Индустриска зона „Жабени“ од самата зона.
„Со оглед дека, Индустриската зона Жабени, повторно станува привлечно место за нови инвестиции, како менаџерски тим должни сме да ги преземеме сите мерки кои обезбедуваат добри услови за инвеститорите и им гарантираат сигурност како нив, така и на вработените, но и на сите граѓани на Општина Битола.
Од тие причини, сакам да известам дека, синоќа во близина на пречистителната станица, во кругот на зоната, од страна на стражарската служба, беа забележани две лица кои недозволено се движеа во овој дел, а за кои немаме сознание со каква цел беа присутни во просторот на зоната.
Имајќи го предвид значењето на пречистителната станица за сите корисници на зоната, како и опасноста што може да се предизвика во случај на нејзино оштетување, која може да биде на ниво на еколошка катастрофа, од наша страна веднаш, преземени се сите потребни мерки и доставена е пријава до СВР Битола, од каде соодветно се постапува.
Наша обврска е одговорно да управуваме со Индустриската зона „Жабени“, поради што нема да дозволиме ваквите случаи никому да наштетат, објавија од ИЗ „Жабени“ Битола.
А.Блажевска
