2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со голем број активности ОУ „Коле Канински“ го одбележува патрониот празник

Мај 21, 2019

Со пригодна приредба што се одржа под мотото „Биди виножито во нечиј облак“ ОУ „Коле Канинаски“ од Битола го одбележа својот патрон празник.

Учениците ги сумираа резултатите на нивните активности и прикажаа дел од она што го научија со нивните наставници, изведоа музички и литературмни точки.

-Преку нашите изведби испраќаме порака до сите деца да бидеме виножита во нечии облаци, да бидеме светлина со тоа што со насмевка полна со љубовќе му помогнеме некому, бидејќи тоа не е себичност, хуманоста е надеж, среќа, пред се време за дарување љубов за сите оние кои имаат потреба од тоа, порачаа ученицте.

По повод патрониот празник ученицете од ОУ „Коле Каниански“ заедно со нивните другарчиња од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор,  ја изведоа театарската претстава „Царевата нова облека“, испраќајќи порака дека за креативност и хуманост не треба да постојат пречки во ниедно општество. 

Во понеделникот приредби се одржаа и во подрачните училишта во селата Буково, Поешево, во Буковски Ливади, потоа беа доделени нагарди за литературен и ликовен конкурс, како и пофалници за најдобрите ученици.

Во среда ќе биде промовирана книгата „Љубовта е уметност“ на ученичката Марија Стојановска, а во четврток во училишната сала ќе се одржи трибина „Дигитална безбедност и сигурност“.

60847871 1012818125729339 772369779930431488 n

60433638 1118236501691773 7354256781360496640 n

60556213 407085976541842 566344725636841472 n

60570152 473182620091364 3596188271698247680 n

 

60705820 611353139344517 6831677059505324032 n

60770929 336455883682562 7843217028230938624 n

60829500 907968752867496 1056689476689985536 n

61066746 463205371154793 5569300392124088320 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани