АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Околу 5 сантиметри снег наврнаа на Пелистер во текот на ноќта и утрово. На највискиот врв на планината Баба, веќе се е побелено, а врнежите престанаа попладнево, вели за апла.мк Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт Антена на Македонската радио телевизија.
-Во моментот времето е мирно, тивко, но облачно и како да се чувствува дека врнежите од снег ќе продолжат, вели Стојчевски, кој и денес е на своето работно место, на 2601 метар н.м. на највисокиот врв на Баба, Пелистер
Стојчевски за апла.мк испрати и кусо видео како и фотографии од јунската снежна идила на Пелистер, каде иако снег во летно време имало и во минатото, сепак е вистинска реткост.
Како што објави апла.мк, врнежите започнале во саботата вечерта, продолжија во текот на неделат. Со оглед на тоа што биле повремени, снегот не се задржувал долго и брзо се топел, но снежната вејавица во текот на ноќта формираше и снежна покривка од 5 цм.