2win800x200

Ѓунер Исмаил, голем дел од парите за култура ќе одат на отплата на беснеењето во изминатите 11 години

Ноември 09, 2017

Децентрализацијата на културата е замислена во контекст на вкупната децентрализација на општеството,рече во Битола Ѓунер  Исмаил, претседател на Советот за култура, на прашањето, што ќе подразбира најавата за децентрализација на културата и дали тоа би значело кратење на парите за култура во локалните заедници. 

-Македонија има сирово, брутално, централизирана држава, во таа смисла надлежностите на локалните единици на самоуправата ќе бидат поинаку дефинирани. Тоа најмалку подразбира некаков  радикален зафат во некакви  манифестации или институции.Тоа ќе биде изложено на едно преиспитување на нивната позиција со располагање на буџетските средства на локалните заедници, 

Едно е јасно , пари нема, парите кои се предвидени во голем дел ќе одат на отплата на  беснеењето во изминатите 11 години, со тоа треба да сме начисто. А дека манифестациите ќе претрпат некои радикални измени тоа не би можел да го прејудицирам, прво да се преиспита што било тоа традиција, а потоа да видиме која манифестација зошто била традиционална и зошто треба или зошто не треба да биде, рече Исмаил. Тој денеска во Битола присуствуваше на првата од четирите предвидени јавни дебати во рамките на проектот Дебати на тема „Национална стратегија за културата 2018- 2022 година“. Проектот го имплементира Јадро- Асоцијација на независна културна сцена во соработка на Министерството за култура. Националната стратегија треба да биде готова и усвоена  до крајот на годинава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани