АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жетвата на пченица е на самиот крај, ожниени се близу 68 илјади хектари со лебно жито. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денска беше меѓу земјоделците во пелагониското село Гермијан каде на средба со земјоделците се разговараше за жетвата, цената и условите за откуп.
-Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска го посети селото Гермијан придружуван од раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола Методија Илиевски Директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.
Во фокусот на оваа посета беше ставена жетвата која се наоѓа во завршна фаза.
Годинава според последните податоци вкупно се ожниени 67.833 хектари или 92% о вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, информираат од Министерството за земјоделство.