2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Жетвата во Пелагонија со намалени приноси и катастрофално ниски откупни цени, оценува Тантаров

Јули 30, 2018

Жетвата во Пелагонија годинава започна лошо со постојани прекини поради дождовите, со намалени приноси и катастрофално ниски цени,оценува Вељо Тантаров  претседател на  Сојузот на земјоделци на Македонија.

 

-Цената што ни ја нудат откупувачите е срамна, од 8 до 9 и пол денари за килограм, и тоа само една мелничка компанија дава 9 и пол денари , ама бара висок квалитет. Точно е дека квалитетот на пченицата е понизок од лани, ама не дотолку лош за да се откупова бадијала. Јас тука не ги критикувам мелничарите туку увозниците на пченица и брашно, кои ги наполнија магацините на пекарите и сега не им треба домашната пченица, изјави Тантаров. 

Според него нереални се проценките на државните служби дека годинава во државата ќе се ожнеат 300 милиони килограми пченица, тука таа бројка ќе биде значително пониска, дотолку повеќе што добар дел од родот ќе се користи како сточна храна.

Тантаров апелира до  Владата да се заложи и да изгради стратегија што со полето во Пелагонија , бидејќи заради ниската откупна цена на житото се повеќе земјоделци се откажуваат од производството на лебното зрно и се преориентираат на други култури.

 -Во 2004 година во Пелагонија ги изгубивме шеќерната репка, маслодајната репка и сончогледот со случувањата во Битолската шеќерана. Сега со катастрофално ниските откупни цени на житото се повеќе земјоделци се откажуваа од оваа култура. Што понатаму?Државата мора да направи стратегија и тоа час поскоро, предупредува Тантаров со напомена дека мора да се зголемат количините и квалитетот на домашната пченица, која е стратешка култура со тоа што најголем дел од потребите да се  обезбедуваат  од домашно производство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани