2win800x200

Од старо до младо на „Илинденски денови“ во Битола

Јули 29, 2018

„Се навршија четириесет години како со лесен чекор ги играм македонските ора иако ја заминав седумдесетката. Орото ми доаѓа како мевлем на годините. Кога сум фатена на него како да сум млада девојка“, вели Злата Коцева, играорка од културно уметничкото друштво „Цветови“ од радовишното село Дедино. Со другите нејзини другарки, повозрасни играорки, ги затекнавме облечени во стари македонски носии на Дефилето на фолклористи низ Широк Сокак што се одржа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

Во морето од илјада фолклористи од целиот свет кои се гости на фестивалот на народни песни и игри во Битиола преовладуваа млади игрорци, но бабите од Дедино не се прададоа. По нив во чекор ги пратеа наследниците, млади фолклористи кои од нив учат како со љубов да се негува македонската традиција.

 

Носиите во кои беа облечени беа постари од бабите, но одлично сочувани. Во шареноликоста од народни носии на Широк Сокак паѓаа во очи по портокаловите делови од кошулите, бисерите , цветови на косите и везените здолништа.

-Носите се типично радовишки, од село Дедино. Јас 40 години сум играорка, а носијата е работена пред половина век значи постара е и од мојот играорен стаж. Некои пак се правени пред сто години, а се зачувани до денес. Тие се вистинско изворно македонско богатство. Горди сме што ги носиме- рече Злата Коцева.дефиле

(Фото Тв Тера)

Шареноликоста на дефилето, ударите од тапаните и звирката на гајдите вчера на Широк Сокак беше вистинска атракција. Играорците потоа се упатија на Ракометното игралиште каде свечено беше прогласен фестивалот за отворен. Организатор и домаќин е Центарот за култура-Битола, а манифестацијата е во рамките на Бит Фест.

Синоќа на Ракометното игралиште настапија десет играорни ансамбли од Македонија, Србија, Хрватска, Полска, Шпанија и Јапонија.37927567 1798267193620268 342722069345075200 n37962393 1798267163620271 495056639414501376 n

(Фото Перица Поповски) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани