АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средношколската заедница при Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи" – Битола го реализираше настанот „Ние како едно“ во просториите на училиштето. Целта на настанот беше да се претстават активностите и профилите во училиштето и формирањето на Средношколската заедница на еден несекојдневевн и интерактивен начин. На настанот присуствуваа повеќе од 200 ученици и професори од основните и средните училишта, кои организирани во групи имаа можност подетално да се запознаат со активностите на училиштето, меѓу кои и формирањето на Средношколската заедница. Настанот беше организиран како мини-саем на различни локации во училиштето.
Настанот го организираа самите ученици кои се членови на Средношколската заедница со помош од професорите, стручната служба и Младински културен центар – Битола. Овој настан беше последна активност од проектот „Средношколски капитал“, што го спроведува Младински културен центар – Битола, во чиј склоп се формира Средношколската заедница при ОСМУ „Д-р Јован Калаузи" – Битола и се спроведоа серија работилници за јакнење на капацитетите на истата.
Проектот „Средношколски капитал“ е дел од Проектот за младинско изразување поддржан од Европска унија и е спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка Љоја и Младински сојуз Крушево.