АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово во 5, 15 часот полицијата фатила 48 годишен битолчанец при кражба на нафта од резервоарот на парното греење во Медицинското училиште во Битола.
"29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното Медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава ", се наведува во соопштението од СВР Битола