АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бурим Керими од ДУИ и коалицијата во две и пол годишен советнички мандат, во кој ретко се обраќаше од говорница, дури денес проговори за неговите ставови за Битола и им реплицираше на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Керими им рече на колегите од двете партии, со кои ДУИ коалицираше во двата последни мандата и беше дел од нивните Влади: „ Од 1991 година имаме две партии кои командуваат со овој Совет, двете партии како ВМРО-ДПМНЕ, така и СДСМ биле против интересот на битолчани и Општина Битола“.Репликата доаѓа во време кога се заладија односите меѓу СДСМ и ДУИ на централно ниво пред престојните предвремени парламентарни избори.
Да земе збор го поттикна расправата во Советот за мајмунчето Лука во зоолошката градина, дали имало услови да живее таму или не. Керими рече дека зоолошката градина ѝ била понудена од власта во 2017 година да ја менаџира кадар од ДУИ. Тоа за него лично и персонално од преку 50 директорски места на локално ниво било многу понижувачко. И праша зошто нема ни еден раководител на локално ниво од другите етнички заедници, додавајќи дека биле маргинализирани.
На ова го прекрати претседателот на Советот, Валентин Груевски, опоменувајќи го него и другите советници полтика да бистрат надвор од Советот на прес конференции.
Керими, потоа, искритикува дека од главни приходи и расхои Општина Битола има 317 милиони денари, 76 милиони се потропшиле за улици, а нула проценти за етничките албански села во општина Битола.
-Генерацијата моја една огромна бројка се надвор од државата. Некој овде мене интелигенцијата ми ја потценува и нормално е да излезам кога два и пол саати се расправате овде за еден мајмун , а немате никакви идеи за како да ги вратиме тие колеги кои ја напуштија државата“, ги искара Керими другите советници.
Ж.З.