АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Завршната сметка на општинскиот Буџет за 2019 и неколку точки поврзани со финансиското работење на општина Битола за претхадната година, се најдоа на усвојување пред советниците на денешната седница на Советот на Општина Битола. Опозицијата обвини на слаба реализиација на капиталните инвестиции.
-Кога говоревме дека буџетот за 2019 година во износ од преку 30 мил евра е нереален, неостварлив, преамбициозен, со денешната завршна сметка се покажа дека сме биле потполно во право. Во 2019 година Наташа Петровска реализирала 65% од планираните расходи, односно разликата од кусокот на приходи кои не успеа да ги обезбеди во буџетот директно се одразија во реализацијата на капиталните расходи или инвестиции. Конкретно за проекти и изградба н аулици, патишта, водоводи, енергетика, и другиобјекти, изградба и реконструкција на капацитети во енергетиката, реализирано е во износ од 76.115.834,00 денари или 17,86% од планираните 426.199.456 денари, рече Николче Јанкуловски, советник од ПОДЕМ.
Од власта велат дека се исклучително задоволни од реализацијата на приходите кои се остварени претходната година, а дел од најголемите ставки се реализирани над 100 проценти, односно се прибрани повеќе средства од планираното.
-ВМРО ДПМНЕ или не знае да ги чита бројките или не знае да го види она што се работи. Тврдат сега дека кај Стадионот е слаба реализацијата, дека кај Офицерскиот дом е слаба реализацијата, дека дел од работите нема да се почнат или нема да се завршат, јас можам да кажам дека она што е почнато, оваа година ќе се дозаврши и тоа ќе бидат големи работи кои досега не се сработени во Битола. можеме да кажуваме и читаме некакви бројки 0, 2, 5 проценти но она што се работи е видливо и можат да го видат сите граѓани на Општина Битола, рече Валенти Груевски, претседател на Совет.