2win800x200

Левица праша кој ги кочи нивните инцијатви донесени во Советот, градоначалникот Коњановски рече ќе одговори писмено

Март 07, 2024

Гаврил Трајковски, советник од Левица, го праша градоначалникот Тони  Коњановски, до каде е реализацијата на одлуките донесени во Советот по иницијатива на Левица

-Градоначалникот кажа дека Советот е неговиот кочничар, а тој цврсто стои зад секоја одлука донесена од Советот, па од тука сакам да го прашам до каде е проектната документација за рекреативна зона Кркардаш кој е изгласана во 2021 и дали и тука ве кочи Советот, до каде е пронаоѓањето на објект за дневен центар за лица со попреченост кои ние го побаравме, до каде се средствата за улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ за смирување на сообраќајот, до каде сте со проектирање, набавка, монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија на сите јавни објекти во сопственост на Општина Битола, до каде градоначалниче н хуманитарните паркинзи изгласани во овој Совет, до каде се субвенциите за стерилизирање на домашни миленици? Ова се само неколку иницијативи на Левица, донесени со одлука на овој Совет кои вие ги немата реализирано, односно ги немате ниту почнато со проектирање, а кажувате дека цврсто стоите зад секоја одлука. Најсрамниот кружен тек е готов, ајде објаснете зошто се чека и зошто споменикот на Александар Турунџев уште седи во дворот на Општина Битола? Или немате време од сликање по настани. Дали комуницирате со Топлификација Битола, бидејќи знаеме дека се спроведува топловодната мрежа, па дали сте прашале дали истата ќе минува низ Партизанска и Васко Карангелевски каде сакате да се прават тротоари и дали ако се направат повторно ќе ги копаме., праше Трајковски.

Градоначалникот Тони Коњановски, рече дека на сите прашања ќе одговори писмено

-Очигледно е градоначалниче, дека војувате со внатрепартиски фракции и не сте согласни со сите советници на ВМРО-ДПМНЕ. Но вашиот внатрепартиски раскол не треба да биде на штета на битолчани. Вашиот наратив е дека Советот на Општина Битола го кочи процесот на вашата реализација и со тоа вршите манипулација во јавноста. Вашиот пристап кон нашите барања и иницијативи, се токму од вас и вашиот круг закочени, рече Горан Велевски советник од Левица

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани