2win800x200

Земјоделското училиште од Битола бара итна седница на Советот на Општина Битола за корекција на конкурсот за учебната 2026-2027

Април 08, 2026
Земјоделското училиште СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола  бара итна седница на Советот на Општина Битола на која бара едногласна поддршка за корекција на конкурсот за прва година за ученици во учебната 2026-2027 и опстојување на училиштето. 
-Исто така извршивме анализа на конкурсот за упис на ученици во земјоделските училишта во РСМ во прва година за учебната 2026/2027 година.
Напоменуваме дека постојано контактираме со нашите колеги во наведените училишта и знаеме дека сите работат со мал број на ученици исто како нас.
Се прашуваме зошто во некои градови се дозволени повеќе смерови и повеќе паралелки на помал број жители и региони кои не се со традиција и стратешко значење како Пелагонискиот регион.
Исто така според конкурсот во Битола е дозволен упис на 1407 ученици во прва година, а во деветто оделение завршуваат околу 550 до 650 ученици.
Се прашуваме дали се прави анализа за потребите на уписот и дали и другите училишта во прва година ќе работат со мал број на ученици.
Дали и тие паралелки во сите средни училишта ќе бидат укинати?, стои во денешната реакција од Земјоделското училиште во Битола испратена до АПЛА.мк
 
Прилог - Табела од конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2026/2027 год во земјоделските училишта во РСМ.
 
Град
Училиште
Паралелки
Ученици
Прилеп
Орде Чопела
2
59
Тетово
Моша Пијаде
2
50
Скопје
Браќа Миладиновци
4
100
Св. Николе
Кочо Рацин
2
50
Куманово
Ќиро Бурназ
3
75
Валандово
Гоце Делчев
1
25
Кавадарци
Ѓорче Петров
2
50
Струмица
Димитар Влахов
3
75
Ресен
Цар Самоил
1
25
Битола
Таки Даскало
1
25
 
 fd2d54e0 d3c8 4eb7 af84 7fb8c5e447f1
cc98f8f1 20e5 49d1 a8ce 4360fd8d7aac
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани