2win800x200

Екологијата и јавниот транспорт теми на разговор на средбата Петровска со Бертолини

Март 10, 2020

Замена на нееколошките системи на греење и јавниот транспорт преку кој се врши емисија на јаглерод диоксид, биле теми на разговор на средбата на раководителот на секторот за соработка при Мисијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини, и градоначалничката Наташа Петровска како и претставници од општинската администрација кои работат во секторот за јавни дејности и одделението за економски развој.

Од страна на општината, биле претставени повеќе предлог проекти на чија подготовка општинската администрација работела во изминатиот период.

-Предложените проекти се во согласност со препораките на ЕУ, а се однесуваат на заложбите државите да ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид. Во овој контекст, Општина Битола, предложи 7 проекти од кои 4 се однесуваат на замена на системите за греење, 1 за јавен транспорт, 1 за фотоволтаични централи и 1 за генератор на топлина, информираат од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани