АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две групи од по неколкумина битолчани тргнале да пешачат и да земат воздух пред зграда, на кај Џепането и ридот кај старите авиони во поранешната касарна кога полицијата ги начека на улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата Аурум. И покрај полицискиот час токму за време на ручек, едната група од четворица возрасни, мажи и жени и неколку деца излегле на сонце пред зграда кога ги затекна полициската контрола, а пак на истата улица на другиот крај во исто време и неколкумина мажи кинисале да пропешачат. Дводневниот карантин дел од граѓаните не го сфатија сериозно, па многумина од нив бараат начин да излезат од дома, мислејќи дека на помалку фреквентните улици полицијата нема контрола. Но овој пример покажува дека полициските екипи на СВР Битола се насекаде, одговорно во извршување на своите здачи.
А.Б