2win800x200

Во среда Битолскиот совет ќе ја одржи првата онлајн седница

Април 24, 2020

Претседателот на на Советот на Општината Битола Валентин Груевски,  ја закажа 53-та седница на Советот на Општината Битола која треба да се одржи на 29 март 2020 година (среда) со почеток во 10 часот.

Седницата ќе се одржи онлајн преку апликацијата ZOOM, со предлог на следниот дневниот ред:

1. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година

2. Одлука за прифаќање на користење без надоместок на движна ствар на Владата од страна на Општина Битола за потребите на ТППЕ – Битола

3. Одлука за обезбедување надзор од страна на Општина Битола за реализација на проектот „Реконструкција на кров на ДГ „Коца Василева“ која е во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола

4. Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на суводолици 1 и 2 , река Драгор и река Мала Корија во плански опфат на УПС Дихово – Општина Битола

5. Одлука за примање на донација-автоматски портални прскалки за дезинфекција на возила на општина Битола дадена од страна на „Монтинг инженеринг“ ДОО Битола

6. Предлог Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2020 година

7. Извештај за реализација на Програмата за организирање и функционирање на Зимската служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2019/2020 година

8. Решение за давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола.

9. Решение за давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола.

10. Решение за именување на член во Училишен одбор на ОУ „Даме Груев“ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани