2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општинскиот кризен штаб ги усогласи мерките со новите уредби на Владата

Април 24, 2020

Дежурните аптеки, ресториани и маркети кои веќе се на објавениот список на Општина Битола имаат продолжена важност за време на викендот кога забраната за движење почнува од сабота во 15 часот и завршува до понеделник во часот утрото, одлучи Кризниот штаб на Општина Битола.

Издадените дозволи на здруженијата за заштита на животните се однесуваа само на изминатиот викенд, а од нивна страна не се доставени нови барања, се молат активистите на овие здруженија, активностите да ги завршат до сабота до 15.00 часот.

Работното време на пазарот, во деновите од понеделник до петок ќе биде од 06 до 18.00 часот, а во сабота од 06.00 до 14.00 часот.

И општинската администрација од понеделник, ќе има осумчасовно работно време.

Општинскиот кризен штаб потесетува дека согласно уредбата за задолжително носење на лична заштита на јавни места од отворен и затворен тип, пак секое домашно или странско физичко лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

-Општина Битола и општинскиот кризен штаб, изразуваат голема благодарност до граѓаните на Општина Битола, за досегашното совесно однесување и почитувањето на уредбите донесени од Владата на РСМ, како и мерките и препораките дадени во изминатиот период на локално ниво. Совесното однесување во понатамошниот период е еден од главните услови за спречување на зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД 19 во Општина Битола, наведуваат од Кризниот штаб.

Од Оптината информираат дека во наредниот период од 27.04.2020 година возните редови на општинските линии ќе сообраќаат по селдниот возен ред.

 

Линијата 1 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поаѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС во временскиот период од 06:20 до 10:20 часот и од 14:20 до 17:20, во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот, во спротивната насока, а во сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 12:00 часот.   

 

Линијата 4 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС во временскиот период од 06:15 до 10:15 часот и од 14:15 до 17:15 часот, во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот, во спротивната насока, а во сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 12:00 часот.  . 

Линијата 5 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС во временскиот период од 06:15 до 10:45 часот и од 13:45 до 17:30 часот, во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 06:00 до 10:30 часот и од 13:30 до 17:15 часот, во спротивната насока, а во сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 06:00 до 12:00 часот..

Линијата 6 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање во временскиот период од 06:00 до 10:00 часот и од 13:00 до 17:00 часот.

Линијата 7 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00, 13:10 и 15:20 часот.

Линијата 8 ќе сообраќа во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 15:15 часот.

Линиите 10 и 11 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот.

Линијата 14 ќе сообраќа со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55 и 15:30 часот.

Линиите 13 и 15 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 13:30 часот.

При одржувањето на линиите, возилата треба да сообраќаат со преполовен капацитет и со запазување на препорачаното растојание меѓу еден и друг патник.

Патниците задолжително да носат заштитни маски при користењето на јавниот превоз.  Возачите не смеат да примаат во возилата патници без заштитни маски. 

Општинскиот кризен штаб, ги потсетува граѓаните дека, согласно уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба,  во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. Во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани