АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, упати честитка по повод 9 Мај, Денот на Европа.
„Сплотеноста, почитта, споделувањето, поддржувањето и воопшто културата на однесување се вредности кои се живи само ако реално излегле од хартијата и виреат во секојдневието. Тие не се дадени еднаш за секогаш. Тие се вредности кои треба да се негуваат и да се одржуваат. На овие простори вклучително и овде, сме виделе и падови и растежи, но најважно е никогаш да не се изгуби ркулецот на овие вредности. Денес кога и ние и цела Европа, а и целиот свет се соочува со предизвикот на пандемијата со корона вирусот, смислата и значењето на овие вредности доаѓа особено до израз. На овој ден, кога е потивко од сите други минатогодишни празнувања како форма на изразување, нека не’ води добрата мисла дека само ЗАЕДНО како човештво можеме да имаме баланс кој носи општ благодет.
Нека ни честит 9 Мај, ДЕНОТ НА ЕВРОПА! “