АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар започна скринингот за КОВИД 19 на вработените во градинките, соопштија од Центарот за јавно здравје. Скринингот се спроведува со земање на брисеви од нос и грло во следните пунктови:
Битола
• Пункт сместен во школската амбуланта во ОУ Даме Груев
• Пункт сместен во школската амбуланта во Гимназија Јосип Броз Тито
Кичево
• Пункт сместен во кругот на Општа болница- Кичево
Ресен
• Пункт сместен во Здравствен дом- Ресен
Демир Хисар
• Пункт сместен во близина на Домот на културата
Планирано е да се тестираат вкупно 308 лица вработени во градинките и тоа во:
• Битола -216
• Демир Хисар -21
• Кичево од -49
• Ресен -22