АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 4 до 12 мај направи 183 инспекциски надзори. Констатира дека меѓу општинскиот сообраќај е се уште поприлично редуциран, односно редуциран е за 95 проценти.
Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон Охрид, Битола, Ресен, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Берово и обратно. А меѓуопштинскиот превоз на патници од Скопје за Тетово и обратно и од Скопје за Куманово и обратно исто останува во преќин, изјави Магдалена Филиповска Грашкоска , претседател на Инспекцискиот совет.