2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во вонредната состојба можат да се укинат забраните за движење и работа на стопанските субјекјти, рече Пендаровски

Мај 15, 2020

Нова вонредна состојба од 14 денови прогласи претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талата Џафери, министерите за надворешни и за внатрешни работи Никола Димитров и Наќе Чулев и епидемиологот д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Според претседателот на држава, главната причина за новата вонредна состојба е потребата од имплементација  на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата коронавирусот. Тој посочи дека голем дел од мерките кои се воведени за заштита од виурусот, како што е мерката за ограничување на движењето, затворањето на школите и стопанските субјекти не се поврзани со декларирањето на вонредната состојба. Пендаровски рече дека тие можат да бидат и укинати и во вонредна состојба, па ѝ препорача на Владата да размисли за постепено намалување на рестрикции во однос на движењето и работата на стопанските субјекти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани