2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пендаровски на „Браќа Манаки“ му додели Орден за заслуги и Повелба за четири децениско постоење

Март 25, 2022

Претседателот Стево Пендаровски на ИФФК„Браќа Манаки“ му додели Повелба по повод 40-годишното постоење и за непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност. Педнаровски признанието му го врачи на директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски.

„Ми претставува огромна чест што имам можност во името на сите мои претходници, по чија апсолутна и директна заслуга стојам овде, во името на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој е грижлив родител и старател на Фестивалот сиве овие години и во името на бројните посветени професионалци и вљубеници во филмот кои со макотрпна работа го изградиле фестивалот и го донеле таму каде што е денеска, со неговиот кредибилитет и големина, да ја примам оваа награда за нашата најпрестижна Меѓународна филмска манифестација“, рече Дамевски.

Тој им се заблагодари и на вљубениците во филмот „без кои овој фестивал никогаш не би опстоил низ годините, ниту би бил таму каде што е денес, во нашата свест и во свеста на светските кинематографери и филмски професионалци. Затоа оваа награда не е само наша, туку е и Ваша. Она што можам да ви го ветам денес е дека додека сум јас на кормилото на Фестивалот ние ќе сториме се овој фестивал да продолжи да расте и вие да се гордеете со нас“.

ФФК „Браќа Манаки“ е прв и најстар ваков фестивал, светилник и гордост на македонската кинематографија и уметност повеќе од четири децении. Почетоците се во градот домаќин Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки. Со својот фасцинантно богат опус и особено со документарните филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 тие оставија непроценлив драгоцен филмски опус. Фестивалот е основан во 1979 година од страна на Друштвото на филмски работници во соработка со градот Битола и Кинотеката.

„Браќа Манаки“ ја доживува својата интернационализација во раните деведесетти години која се одразува во неговата главна програма за компетиција Камера 300, како селекција на најдобрите кинематографери. Дел од „Браќа Манаки“ биле најзначаните потврдени и афирмирани светски кинематографери, носители на бројни светски награди. Многумина од нив и оскаровци. Фестивалот откриваше многу нови млади таленти кои учествуваа во главната компетиција, селекцијата на програмите на европската перспектива и документарната програма на долгометражни филмови, како и компетицијата на најдобрите светски кратки филмови.

. -

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани