АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еурофарм Пелистер испушти победа на претходното дерби во Битола, но „фармацевтите“ не дозволија историјата да се повтори и денеска, па стигнаа до огромен триумф во Скопје со кој значително си ги зголемија шансите во трката за титулата.
Вардарци влегоа полни со самодоверба во ова дерби, но потклекнаа пред битолската артилерија, која и без капитенот Периќ им создаде многу проблеми. Дури и кога Томовски влезе во серија на одбрани, „пелистерци“ на спротивната страна го имаа фантастичниот Марко Кизиќ, кој ги запре поранешните соиграчи трасирајќи го патот до победата, објави Екипа.мк.
Едно е сигурно, трката за титулата во мак-ракометот одамна не била толку интересна, а неизвесноста ќе трае до самиот крај…
Повеќе на https://ekipa.mk/fotogalerija-vardar-potklekna-pred-bitolskata-artilerija/