АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Малолетно момче вчера пред 10 часот било нападнато на Широк Сокак во Битола, а очевидици на настанот велат дека момчето минувајќи на улица во еден момент станало мета на напаѓачите и неговиот образ за миг бил раскрвавен.
Очевидци велат дека тројцата напаќачи со силен удар му го расекле образот на малолетникот.
Настанот се случил во уличката кај пицеријата „Кус Кус“
На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.А.(19) од Битола, Е.С.(19) од с.Жабени и А.Ј.(20) од с.Будаково затоа што претходно на ул.„Широк сокак“ во Битола физички нападнале малолетник од Битола. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 201-а од Кривичниот законик, соопшти полицијата.