2win800x200

Ќе има ли нови цени во јавниот превоз во Битола?!

Март 24, 2022

На 10 седница на Советот закажана за 30 март, на дневен ред како 7 точка е поставена измена на тарифниот систем за општинскиот линиски превоз на патници во Општина Битола. За оваа точка која ќе се најде пред советниците во среда, нема дополнителни материјали каква или колкава ќе биде промената на тарифникот во јавниот превоз во Битола.

Вчера пак, локалната самоуправа соопшти дека градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот Габриела Илиевска на истата седница ќе достават заедничка иницијатива со која, пензионерите од Битола, ќе добијат можност за бесплатно користење на јавниот превоз, два пати неделно, во вторник и петок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани