АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставничката по физика Валентина Степановска Андонова освои второ место со својот научен прокет „Патување на светлината“ на меѓународен натпревар во конкуренција од 15 наставници –натпреварувачи од 10 земји.
Натпреварот „Боите на небото“ во организација на "Women science teacher", Scientix, WST беше значаен настан за "Меѓународниот ден на светлината 2020" во организација на УНЕСКО.
„’Боите на небото’ беше натпревар од светски ранг наменет за сите наставници. Целта беше да се нагласи значењето на науката во нашето секојдневие. Впрочем задачата за наставниците-учесници беше знаењето поврзано со предметите: физика, биологија и хемија на умешен и интересен начин да го искомбинираат со фотографии или видеа поврзани со боите на небото и да се напише проект“, рече Степановска Андонова.
Наставничката на јавноста ѝ е позната и по големиот број награди што заедно со ученици од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ги има освоено на домашни и меѓународни натпревари.
Ж.З.