АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се навршија 19 години од загинувањето на македонските бранители во близина на селото Гајре за време на конфликтот во 2001 година. Битолчаните Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци беа воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре
Семесјтвата, колегите и други делегации положија цвеќе пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Саат кулата и пред споменикот подигнат на просторот во поранешната касарна. Традиционалниот турнир во мал фудбал што се одржуваше во нивна чест, оваа година поради коронавирусот е откажан.
-Посел селото Гајре од заседа биле нападнати и борбеното возило целосно било уништено, аво него биле пронајдени овие тројца војници. Во нивна чест Одделението за одбрана Битола од 2003 година го организира овој настан. До лани се одржуваше меморијален трунир во кој учествуваат 4 фудбалски екипи и тоа од СВР Битола, од гарнизонот од Битола, после тоа од Прилеп, од РЕК Битола и Општина Новаци. Со оглед на сосотојбата со коронавирусот и мерките што се преземаат за заштита на здравјето на населенето, одлучивме деното да го одбележиме само со полагање цвеќе, рече Менде Солунчевски, од одделението з аодбрана во Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека ваквите моменти треба да бидат опомена за тоа како се однесуваме за да го сочуваме споменот кон нив и да им се оддолжиме со подобрување на општсетвото во кое живееме.
- Изразувам сочувство кон семејствата кои ги изгубија тие млади животи за кои нема надоместок. Апелирам до сите млади да се вградат во нашетот општество онака како што треба да се вргади малдината и да бидат двигател на општстевото, рече градоначалничката Наташа Петровска