2win800x200

Се реконструира кугланата во Битола

Јуни 12, 2020

 Кугланата ви Битола е во фаза на реконструкција, а ќе добие сосема нов европски изглед. Крајниот рок за изведба на работите е во април в година, но ќе се направат обиди да се заврши до Нова година за да кугларите можат да ја фатат престојната сезона. 

 -Важно е реконструкцијата на кугланата  да биде завршена побрзо поради спортистите, затоа што имаме државен првак, но ние не се задоволуваме со тоа, до меѓународно ниво сакаме да стигнеме, а кугларите сега немаат каде да тренираат", рече Петровска

При увидот во градежните работи со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, рекоа дека во реконструираната куглана ќе има врвни услови. Првата средба на градоначалничката Петровска со директорот Каевски била во куглана во Струга, а сега по повеќе години заеднички вршат увид во реконструкцијата на битолската куглана. Најавија дека Битола ќе стане кугларски центар.
Во земјава има две лиценцирани куглани, но двете се постари, а ова ќе биде најнова и се очекува во Европа да биде една од најдобрите. Со тоа Битола сеочекува да стане кугларски центар. 
 
received 287000009106067

 received 263109438240839received 263739611521719

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани