АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Присуство на полициски службеници на улицата „Партизанска“ за влез на улицата „Тодор Скаловски“ во Битолската касарна ги вознемири жителите од околните згради. Неофицијално се прошири веста дека полицијата имала дојава за подметната бомба во возило.
Од СВР Битола за Апла мк не потврдуваат дека се работа за дојава за подметната бомба туку изјавија- „Во моментов полициски службеници постапуваат по претходна пријава од граѓани , а повеќе информации најавија за подоцна . Од терен дознавме дека полицијата обезбедува, бидејќи се чекаат екипи за антитероризам, по што ќе се знае дали дојавата била лажна или пак вистинита.