2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На ВМРО ДПМНЕ не му треба демократизација, туку радикализација, личен став на Васко Мавровски, кој инаку е портпарол на локалниот огранок

Јули 16, 2020

Откако Државната изборна комисија вечерва ги објави првичните резултати од вчерашните предвремени Парламентарни избори, Васко Мавровски, кој инаку е портпарол на ВМРО ДПМНЕ во Битола, на неговиот личен профил на ФБ  напиша дека "на ВМРО ДПМНЕ не му треба демократизација туку радикализација". 

"Заклучокот после објавените резултати е следен: на ВМРО-ДПМНЕ не му треба демократизација туку радикализација, секој изборен циклус се повеќе го губиме ИДЕАЛОТ заради политикантство, ако ја изгубиме партијата ја губиме МАКЕДОНИЈА.

Честитки на новите пратеници и не заборавајте
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ‼️
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ ‼️
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА ‼️
П. С. дајте да се обединиме околу ИДЕАЛОТ доста математики и мудрувања, на крајот секој од нас во десницата индивидуално носи одговорност за денешната состојба", напиша Мавровски на ФБ кој за апла.мк  вели дека  ова е негов личен став
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани