2win800x200

По 30 години СДСМ победи во Општина Новаци на парламентарни избори

Јули 18, 2020

БИТОЛА – По триесет години од првите повеќепартиски парламентарни избори во Македонија во Општина Новаци победи СДСМ со коалицијата. Новаци како дел од Пелагонија од секогаш се сметаше за бастион на ВМРО-ДПМНЕ, но на последните избори СДСМ извојува победа со педесет гласа разлика пред опозицијата. За познавачите на политичките прилики во Пелагонискиот регион, резултатот на СДСМ во Новаци е   едно од најголемите изненадувања на овие избори, па се прашуваат дали Новаци прераснува во „тврдина“ на СДСМ. Во Општина Новаци за Коалицијата „Можеме“ гласаа  992 гласачи (48,41 процент), а за ВМРО-ДПМНЕ 942 (45,92 проценти).

На парламентарните избори во 2016 година  во Општина Новаци за ВМРО- ДПМНЕ гласа 1.374 гласачи (59,58 отсто), додека за СДСМ 753 гласачи (32,65 отсто). Што значи дека за четири години СДСМ успеала да привлече 239 нови гласачи, додека ВМРО-ДПМНЕ да изгуби 432.

„Успеавме после цели три децении од првите парламентарни избори да победиме во Општина Новаци. Тој тренд започна во 2017 со локалните избори и еве продолжи и на овие избори. Едноставно, граѓаните препознаа дека работиме за нивно добро, ги исполнуваме ветувањата, носиме развој. Резултатите од нашата работа се видливи на сите полиња, како на централната власт така и на локално ниво“, вели Љубе Кузманоски, претседател на изборниот штаб во Новаци на Коалицијата „Можеме“ и актуелен градоначалник.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лани на претседателските избори партијата добила 186 гласови повеќе од СДСМ.

Целиот текст https://nezavisen.mk/po-30-godini-sdsm-pobedi-vo-opshtina-novaci-na-parlamentarni-izbori/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани