АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хотелите Славија и Попова Шапка ги прилагодија цените и аранжманите согласно барањата на граѓаните за користење на ваучерите за летување доделени од државата со проектот ,,Дома си е дома”.
Двата хотела во ски-центарот Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, а со кои стопанисува Елемтурс, обезбедија попусти за летниот период и нудат аранжмани од 4 и 5 полни пансиони за летување на планина.
Хотелите Попова Шапка и Славија работат според сите протоколи донесени од надлежните државни органи, кои обезбедуваат сигурност за гостите и персоналот.
Истовремено, се вршат подготовки и за следната зимска сезона во ски-центарот, каде од почетокот на оваа година во функција е и новата шестоседа жичара, со која стопанисува Елемтурс.