2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СКРИНИНГ ЗА ДЕЦА НА ШКОЛСКА ВОЗРАСТ ОД БИТОЛА СО КАРДИО-ВАСКУЛАРНИ И РЕСПИРАТОРНИ ПРОБЛЕМИ

Јули 24, 2020

Преку проект за прекугранична соработка на нашата земја со Грција, се врши скрининг на деца од општина Битола за откривање на респираторни и кардио-васкуларни болести кај нив со цел навремена здравствена заштита и советување и обука на родителите и наставниците.

 

„Со досегашиот скрининг беа опфатени околу 600 деца. Мапирањето сѐ уште оди, но здравствен проблем беше забележан кај 10 проценти од нив. Дел од тие 60 деца со кардио наоди веќе се опрерирани, а другите се мапирани за понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола“, рече Милчо Дули, претседател на „Сфера Интенешнл“.

За сите дечиња кои се покажа дека постои потенцијален ризик за развој на вакви болести дадени се смарт сатови за пратење на нивната здравствена состојба и податоците преку софтвер завршуваат во болницата во Битола. Обезбедено е амбулатно возило за пренос на педијатарски пацинети, најсовремено опремено, инвестиција од 50 000 евра кое по завршувањето на проектот ќе биде дадено на трајно користење на Клиничката болница.амбулантското возило

„Проектот е многу благороден вклучува скрининг за кардио-васкуларни заболувања во детска возраст. Кај децата кај кои се пронајдени одредени аномалии ќе бидат понатаму носени и следени во Клиничката болница од тимот педијатри и понатаму долку има потреба ќе се преземаат соодветни дејствија од страна на здравствена и социјална заштита и остварување на правата на тие деца. Ова е еден голем исчекор. Инаку инциденцата не е голема на неоткриени кои сега се откриваат бидејќи многу често и пренатално се следат тие деформитети и аномалии. Но, се разбрира дека е од огромно значење бидејќи подобро е да спречиме отколку во подоцнежна возраст да лечиме, за навреме да се преземат сите оние здрваствени протоколи за квалитетниот живот на едно дете“, рече Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница од Битола.proekt

Партнери на прокетот „We care“ (Ние се грижиме) се Виоката медицинска школа и Сфера Интернешнл од македонска страна и уште три организации од грчка, каде исто така се прави скрининг на деца на школска возраст.

„Ова е исклучително важен проект за Општината, ги подобрува услугите кон граѓаните, кон една сензитивна попоулација деца кои има проблеми со кардио-васкуларните заболувања. Ова е проект кој покажува дека кога повеќе субјекти ќе се поврзат како што се навладини организации, Високата медицинска школа во Битола, Општината и Министерството за локална самоуправа навистина може да се извчлече резултат исклучително значаен и врши поместување на квалитетот на живеењето на сите граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.vopyilo

Македонската страна од Интерег ИПА програмата доби 250 000 евра, а 32 000 евра кофинансираше Министерството за локална самоуправа.

„Од 620 деца тестирани во Општина Битола 20 до 30 дечиња имаат потенцијална можност за ризик од вакви болести, тоа е 4 до 5 проценти, а ако се додадат и деца кои претходно биле третирани од овие болести доаѓаме до бројка од 60 дечиња. Во разговор со докторите, тоа се понтенцијални случаи и голем дел од нив нема да имаат последици, да речем мал е процентот на деца кои се загрозени или потенцијално опасни “, рече министерот за локална самоуправата Горан Милевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани