2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Позитивен на КОВИД19 еден вработен од "Добри вибрации", кафулето времено затворено

Јули 26, 2020

Кафетеријата „Добри Вибрации“ во Новиот градски пазар во Битола е привремено затворена,  откако кај вработен е потврдено дека е позитивен на КОВИД-19, но се заразил надвор од работното место. Ова е објавено  на ФБ страната на кафетеријата

"За информација од прва рака чувствувавме одговорност да се обратиме до сите наши ценети гости, пријатели и познаници.

Имено, веќе 10 тина дена еден член на нашата екипа на Добри вибрации од локалот во Новиот Пазар е отсутен од работа заради настинка. Поради експанзија на болеста, во текот на вчерашниот ден е тестиран за корона вирус и истиот денес е позитивно потврден.
 
Во консултација со стручни лица од Центарот за јавно здравје -Битола утврдено е дека најверојатно вирусот не е добиен на работно место.
 
 Меѓутоа, заради превенција и пред се заради здравјето на сите, НИЕ како одговорна организација доброволно одлучивме во истиот момент да го затвориме локалот за период кој би бил потребен да се обезбеди дека сите сме здрави и дека со сигурност ќе спречиме евентуално ширење на вирусот.
 
СИТЕ останати сме добри, добро се чувствуваме и немаме никакви симптоми.
Благодариме на сите за разбирањето и посакуваме брзо опоравување на нашиот член. Воедно изразуваме желби за здравје и насмевки на секому во ова тешко време за сите нас, пишува тимот на Добри вибрации -Нов пазар на ФБ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани