АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Редици автомобили кои се враќаа од Охрид и Преспа, како пред дваесетина години, вчера имаше на патот за Битола. Возилата беа битолски, прилепски, кавадаречки, па и кумановски. Туристите од земјава летово во неможност да отпатуваат во Грција или на други дестинации, викендите ги минуваат покрај Охридското и Преспанското Езеро. Охрид и Преспа вечера бележеа рекордна посетеност од гости. Плажите беа полни,а на паркиралиштата одвај и да се најдуваше слободно место.