АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска се регистрирани уште двајца новозаболени во Битола, со што бројката на позитивни случаи во градот се искачи на 116. Во билтенот на МЗ се евидентирани и тројца оздравени битолчани. Во моментов се активни 59 случаи. Во Битолската болница се хоспитализирани 38 лица.
Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 52
-Куманово 6
-Штип 29
-Прилеп 2
-Тетово 6
-Битола 2
-Кавадарци 10
-Гостивар 13
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 3
-Виница 2
-Свети Николе 1
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:
-Скопје 108
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Велес 1
-Битола 3
-Гостивар 2
-Кочани 2
-Кичево 2
-Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.