АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. После вчерашното асфалтирање на една од улиците, денес се подготвуваат за асфалтирање и другите улици кои е предвидено да бидат асфалтирани во оваа фаза.
-Со реализацијата на овој проект, ќе им се овозможи на жителите да заборават на долгогодишните проблеми со кои се соочуваа низ годините, движејќи се до своите домови низ улици со кал во зима или прашина во лето, велат од општина Битола.
Вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 4 696 063 денари, средства од буџетот на Општина Битола.