АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Долгогодишното барање на граѓаните за поставување на улично осветлување на потегот од Цермат до Долно Оризари е реализирано. Во пресрет на празникот „Свети Наум“, чие име го носи црквата на влезот на селото, светна уличното осветлување на новоизградената патека која беше дел од проектот „Реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари.
Со цел согледување на успешната реализација на овој проект, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, се сретнаа со дел од жителите на Долно Оризари, кои изразија голема благодарност за реализацијата на проектот за кој постоеше барање повеќе од 30 години.
Со завршувањето на активностите, се зголемува безбедноста на граѓаните како учесници во сообраќајот, а посебно на младите луѓе кои и вечерва во голем број беа присутни на оваа релација, движејќи се во многу подобри и посигурни услови.
Новата патека е во должина над 1 километар, a инвестицијата за градежните работи изнесува 3.339.135 денари, додека за улично осветлување, инвестирани се 3.052.163 денари од општинскиот буџет.