Телото на удавеното момчето ќе биде дадено на обдукција
Август 04, 2020
Денес околу 14 часот во водите на Преспанското езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа бежживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција, стои во соопштението од Ана Крстиќ, аналитичар во Отсек за криминалистичко разузнавачка анализа.