Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Битола се проценува дека е меѓу градовите со фаза 2 на ризик од КОВИД-19, со спорадични случаи, според категоризацијата од СЗО, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола.
Останатите градови се во широко распространета трансмисија, што е фаза 4 и локализирана трансмисија, односно фаза 3
❖ Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
❖ Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
❖ Останатиот дел од Република Северна Македонија (меѓу кои Битола и Ресен) е во фаза 2 (спорадични случаи).
На територијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола, денес (04.08.2020) се регистрирани два нови случаи во Кичево, и едно оздравено лице исто така со место на живеење во Кичево. Нема новорегистрирани заболени во Битола, Ресен и Демир Хисар