АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Корона вирусот влезе во Психијатриската болница во Демир Хисар каде се заболени 12 пациенти, а една штитеничка почина како потврден позитивен случај. Се претпоставува дека вирусот го пренел некој од вработените, бидејќи болеста е потврдена кај двајца вработени, односно првиот случај е кај медицинска сестра. Во болницата има околу 300 згрижени пациенти и 250 вработени.
„Имаме нов кластер во општината, тоа е Психијатриската болница во Демир Хисар. Најголем дел се пациенти, јас контактирам со директорката на болницата и тие постапуваат според насоките од Министерството за здравство со сите протоколи. Забранети се посети, одење на викенди и веруваме дека за кусо време ситуацијата ќе се стави под контрола“, изјави Марјанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар.
Целиот текст на линкот
https://nezavisen.mk/virusot-vleze-vo-psihijatriskata-bolnica-vo-demir-hisar-zarazeni-duzina-pacienti/?fbclid=IwAR3pHkPHaZrhoF3fq2oD8adIEjdrAiKJf5XjQB1VXI-srwmn_88cu3O30p4