АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Расте бројот на заболени пациенти во Психијатриската болница во Демир Хисар. По 19 пациенти кај кои до вчера беше констатирано дека се позитивни на ковид-19, тестовите открија уште седуммина заболени од лицата згрижени во установата, како и еден од вработените кој обавува работни задачи на хигиеничар.
Новите седуммина позитивни се од 29 лица сместени на судско-психијатриското одделение на кои им беа земени брисеви и се очекуваа резултати.
„Сите пациенти се префрлени, изолирани, сите се асимптоматски и се во добра здравствена состојба. Негативните на одделението ќе бидат во 14 деневен карантин. Хигиеничарот се наоѓа во домашни услови и ќе му биде изготвено решение за домашна изолација“, рече Лозановска.
Со претходно заразените во Психијатриската болница има вкупно 26 пациенти со коронавирус, од кои еден починат на ГОБ „8 Септември“ во Скопје и тројца од вработените кои се во домашна изолација. Првата групата со пациенти кај кои претходно беше евдентирана болеста беше изолирана уште од 5 август, а од 20 овој месец ќе се почне со тестирање за да се утврди дали болеста поминала. Медицинска сестра и физичиот работник кои беа во првата група лица позитивни на ковид-19 евидентирани во Болницата се на домашно лекување.
„Во моментов имаме две засебни ковид одделенија во Психијатриската болница. Осум месеци да се менаџира вакви иституција пред предизвикот од пандемијата е навистина стресно. Категоријата е многу тешка, какви и протоколи да се конципираат многу тешко се спроведуваат, пациентите користат заеднички пристории од трпезарија, санитарни јазли, ходници. Дел од нив можете да натерате да носат маска и ракавици, дел не е. Но, ова останува како предизвик пред нас сите како тим да се избориме“, рече директорката.