АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се навршуваат 37 години од прераната смрт на Сашка Петковска. Загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе, а имаше само 32 години . Битола до денес не ја заборави. Песните на Сашка Петковска не се забораваат, тие се евергрини кои со задоволство ги слушаат и новите генерации.на забави се пејат нејзините песни, а музичарите до денес ја издвојуваат како еден од најдобрите женски музички гласови што произлегле од Битола. Изградила богата музичка кариера, снимила неколку плочи, а хитовите „Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Чао адои“, „Запри срце“, „Гриша“ и други останале да се пеат до денес.
Пред десет години за Сашка Петковска беше посветена и манифестацијата „Незаборав“, во организација на продуцентот Панде Димитровски. Пред преполната сала на Народниот театар во Битола, нејзините песни ги испеаја сум реномирани пејачки од Битола. „Бакни ме“ ја изведе Маргарита Христова, „Чао адио“ Билјана Дамјановска, „Пушти ме како птица“ Марина Коруновска , па следуваа изведби на Анета Мицевска, Анета Ефтимова, Андријана Ацевска, Марија Митровска и Ирена Димовска.