АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Награда и почит заслужуваат лекарите од Битолската клиничка болница во справувањето и лекувањето на болните од корона вирусот, вели битолчанецот Горан Темелковски, кој бил позитивен на КОВИД-19 и хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За неговото справување со болеста изјавата ја пренесе министерот Венко Филипче.
Јас сум татко на три преубави ќерки на кои сум многу горд. Додека бев хоспитализиран во битолската болница мислев само на нив. Да ги видам и да ги прегрнам“ - Горан Темелковски.
„Сѐ уште постојат луѓе, со чиста душа, несебични. Луѓе без љубомора, завист, искрени и големи. Со големи срца. Таков е и Тони Ангелески, мојот постар цимер во болницата, кој ќе биде како брат додека јас постојам. Го заслужи мојот респект и благодарност во критичните два-три дена по моето хоспитализирање. Огромна благодарност до сите лекари. Врвни професионалци. Заслужувате награда и почит. Бидете дисциплинирани и почитувајте ги мерките. Јадете редовно и внесувајте многу овошје, зеленчук и консумирајте вода. Никој не е имун на ковид-19, бидете одговорни за себе и вашето семејство кое го сакате најмногу“, порача Темелковски.