Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во:
- Скопје 7
- Куманово 3
- Прилеп 8
- Тетово 2
- Струга 2
- Гостивар 11
- Гевгелија 2
- Кочани 2
- Кратово 1
- Свети Николе 1
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од:
- Скопје 6
- Штип 21
- Тетово 3
- Струга 1
- Битола 1
- Гостивар 6
- Гевгелија 1
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Виница 2
- Кичево 4
Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.