2win800x200

Проверете на линкот дали правилно сте аплицирале за субвенции за инвертер клими

Септември 22, 2020

 

Општина Битола, преку својата веб страница,  на сите граѓани кои аплицирале за субвенции на инвертер клима уреди им овозможи да го проверат статусот на поднесените барања.

Со внесување на својот матичен број, секој апликант може да провери, колку пати аплицирал, кој е неговиот важечки број, односно бројот на неговата последна апликација, како и да добие информација за сите прикачени документи при аплицирањето, но и кои се апликациите кои ги поништил.

Напомена: Поништена апликација има само оној подносител кој при внес на својот матичен број по втор или трет пат, избрал опција да поништи претходно барање.

Поради комплетна дискреција, претставуваме приказ на кој може да се погледне директен преглед од базата каде се прикажани редни броеви и точно време на прием за прикажаните апликанти.

Апликациите успешно беа примени од сите апликанти кои имаа обид во периодот пред истата да биде ставена во мирување (во 8:43 AM), поради потенцијалната грешка во прикажаната порака, односно известувањето на апликантите. После надминување на оваа опасност, процесот продолжи (во 7:35 PM) без проблеми. Периодот помеѓу, како што се гледа на приказот, не содржи никаков запис.

Со отворањето на дополниот модул за проверка на поднесените барања се затвора можноста за тоа определени апликанти да останале со нејасен статус на пријава.

Проверката може да се направи и на следниот линк 

https://btsubvencii.mk/CheckRequest.aspx

Прашањата доставени до Општина Битола, како и од почетокот на повикот ќе се објавуваат на линкот често поставувани прашања, од каде во секое време одговорите се достапни за информирање на пошироката јавност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани